Бензема го пропушта Светското првенство во Катар?

Карим Бензема има проблеми со повреда на мускулот, потврдија од Реал Мадрид. Бензема претходно неделава ја освои „Златната топка“ за најдобар играч од минатата сезона, а само неколку дена подоцна стигнаа лоши вести.

Се уште не е познато колку долго тој ќе биде надвор од терените, а бидејќи Светското првенство почнува за нешто помалку од еден месец се пали „црвениот аларм“ во репрезентацијата на Франција.. Реал Мадрид на својата веб-страница откри дека нивниот најдобар напаѓач има проблеми со квадрицепсите на левата нога и ќе му треба период на опоравување.

Бензема оваа сезона постигна шест гола на 11 натпревари.

Се вчитува...