Бензема ќе остане „крал“ уште минимум четири години

Карим Бензема и Реал Мадрид ќе ја продолжат соработката. Французинот очекува да го потпише второто обновување на договорот пред почетокот на новата сезона, но се уште не се знае дали ќе трае до 2021 или 2022 година.

Напаѓачот секогаш имаше јасна претстава околу неговата иднина во Реал. Шпанскиот првак од секогаш беше прв избор за Бензема, иако во текот на претходниве сезони беше поврзуван со неколку клубови. Се шпекулираше и дека доаѓањето на Мбапе ќе му ја загрози старната позиција, но Бензема очигледно не го засега кој ќе биде ново засилување во клубот.

Пристигна заедно со Роналдо во 2009 година, и е еден од најлојалните фудбалери на „кралевите“. Со продолжувањето на соработката, Бензема ќе прослави мал јубилеј, односно 10 години во белиот дрес.

 

Се вчитува...