Бензема мора на суд поради најголемата грешка во животот

Поради најголемата грешка во животот, Карим Бензема ќе мора на суд. На Бензема и дефинитивно ќе му се суди поради уценувањето на Матје Валбуена, одлучи судот во Версај.

„Одлуката Бензема да биде изведен пред суд е апсурдн, окрутна и неправедна“ – истакна адвокатот на францускиот фудбалер, Силвијан Кормие.

Ова е случај од 2015 година кога две лица со наводни интимни видеа на Валбуена со сопругата го уценувале фудбалерот. Бензема бил вклучен во сето тоа што, наводно во дослух со уценувачите, го убедувал Валбуена да ја плати бараната сума.

После тој случај Дидие Дешамп засекогаш го исфрли Бензема од репрезентацијата на Франција.

Се вчитува...