Бензема наскоро добива нов договор од Реал Мадрид

Реал Мадрид му подготвува нов договор на својот напаѓач Карим Бенезема, и планира да го задржи голгетерот најмалку до 2024 година.

Флорентино Перез и Карло Анчелоти по разговорите одлучиле да му понудат нова соработка, особено после минатата сезона во која Французинот придонесе да се освои титулата во Шпанија, и трофејот во Лигата на шампионите.

Неговиот договор во моментов истекува во јуни 2023 година, но шефовите на Реал Мадрид се убедени дека ќе играат уште најмалку две сезони.

Со тоа се намалува потребата да дојде до нов напаѓач, односно нема да притиска по секоја цена, особено по пропаѓањето на трансферот на Мбапе.

Се вчитува...