Бензема не дозволи Реал да загуби, серијата трае 40 меча

Реал Мадрид се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија откако одигра 3-3 на гостувањето кај Севилја во реваншот од осминафиналето на ова натпреварување. Но, тоа и не е се, затоа што „кралскиот клуб“ успеа да остане непоразен и во 40.меч последователно, а Бензема го спаси тимот на Зидан од пораз во третата минута од судиското продолжение.Данило си даде автогол за водство на Севилја, но на почетокот на вториот дел Марко Асенсио израмни на 1-1. Јоветиќ и Ибора донесоа водство за Севилја од 3-1, а Серхио Рамос со „паненка“ од пенал, и Карим Бензема, во завршницата сепак не дозволија Реал Мадрид да загуби. Поставен е нов рекорд и досегашниот ефект на Барселона оди во историјата.

Се вчитува...