Бензема: Ние сме како „феникс“ секогаш наоѓаме начин да се издигнеме

Реал Мадрид со негатива од 4-3 ќе го пречека Манчестер сити во реваншот од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите, по синоќешниот луд натпревар одигран во англискиот град.

Првата ѕвезда на „кралевите“, Карим Бензема по натпреварот изјави дека најважно е тоа што секогаш се издигнуваат и покрај сите проблеми со кои се соочуват.

„Поразот никогаш не е добар. Но, најважно е дека секогаш се издигнуваме и покрај сите проблеми и не се откажуваме до самиот крај. Имаме реванш на домашен терен и затоа како никогаш досега ни е потребна голема поддршка од навивачите“, изјави Бензема. 

Реваншот кој ќе се игра во Мадрид е закажан за 4. мај од 21 часот.

Се вчитува...