Бензема – шоу за победа над Кадиз

Карим Бензема е најзаслужниот што Реал Мадрид експресно се врати на победнички патеки по ремито со Хетафе, триумфирајќи на вечерашното гостување против Кадиз со 0-3.

Французинот беше резерва со Хетафе, но вечерва ја имаше улогата на стартер и уште во првото полувреме го реши прашањето на победникот, постигнувајќи два гола и асистирајќи при погодокот што го постигна Одриозола.

Се вчитува...