Бензема: Не е лесен патот до „титулата“ најдобар во Европа и светот!

„Златна топка“ и официјално оваа вечер припадна во рацете на Карим Бензема, кој од вечерва е најдобар на светот.

Репрезентативецот на Франција го предводеше Реал Мадрид во минатата сезона и ги донесе „кралевите“ до врвот во Примера и Лигата на шампионите.

„Долго време го сонував ова и верував дека може да стане реалност. Среќен сум на оваа награда. Исто така среќен сум што овде се и моите двајца идоли – Зидан и Роналдо. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите од Реал Мадрид и Франција, на тренерите и на претседателот Перез. ‘Златната топка’ е индивидуална награда, но се добива благодарение на тимската игра“, рече Бензема.

Се вчитува...