Бензема знаел што го чека и пред мечот: „ПСЖ нема ништо да направи, ова е моја приказна“

Карим Бензема вчера застана на патот на ПСЖ во Лигата на шампионите. Иако Парижаните беа едни од фаворитите за освојување на трофејот, сепак, вчера им се случи Реал Мадрид, поточно Бензема. Тимот од Париз го доби првиот меч со 1-0, а на реваншот загубија 3-1. Бензема благодарение на трите гола, самиот го однесе Реал во 1/4 финалето.

Стотиците милиони евра не му помогнаа на ПСЖ, а Реал продолжува да се бори за нов трофеј во Лигата на шампионите.

Се појави и конверзација меѓу Бензема и пријател пред самиот натпревар, во кој Бензема знаел што го чека. Тој откри дека ова ќе биде негова приказна и дека ПСЖ нема што да бара.

„Ќе биде експлозивно. ПСЖ нема ништо да направи, ова е моја приказна“, му напишал Французинот на својот пријател.

Бензема толку бил добар што Гери Линекер по мечот рече „еден од најголемите светски играчи на сите времиња“. Неговиот соиграч Тибо Куртоа смета дека Бензема е најдобар напаѓач на светот.

Се вчитува...