Бербатов: Роналдо не пие алкохол ни на прослави

Димитар Бербатов и Кристијано Роналдо беа соиграчи во Манчестер Јунајтед во сезоната 2008/09. Бугарот во интервју за Марка говореше за посветеноста на Португалецот.

„Имав среќа една сезона да тренирам и играм со него. Тренингот беше како војна. Не мислеше на ништо друго освен на победа, но не беше воопшто лошо, напротив, Роналдо е добар човек кој ја крева желбата за натпреварување на екипата“ – изјави Бугарот.

Покрај тоа напаѓачот откри неколку интересни факти за еден од најдобрите фудбалери на светот.

„Уште тогаш беше опседнат со грижа за своето тело. Беше забавен и приврзан. За време на Божиќните забави во клубот кои ги организираа играчите знаевме добро да се забавуваме, но бевме и професионални. Никогаш Роналдо го немам видено да пие алкохол, ни во тие денови. Он се грижеше за себе. Да кажеме, одам да вежбам, а тој веќе во теретана. Потоа останува да работи дополнителен шутерски тренинг, а кога ќе заврши оди да плива. Беше одлучен за да стане најдобар на светот“ – додаде играчот кој кариера ја заврши во 2018 година.

Се вчитува...