Бербатов се кандидираше за претседател на Фудбалската федерација на Бугарија

Легендарниот бугарски репрезентативец, поранешниот играч на Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов се кандидираше за претседател на Бугарската фудбалска федерација.

Тоа ќе биде негов нов обид да ја преземе лидерската позиција во бугарскиот фудбал по серијата претходни кои досега наидоа на отпор од неодамнешното раководство. Местото претседател на ФФ на Бугарија остана празно откако неодамна поднесе оставка Борислав Михаилов – по 18 години на таа функција.

Репрезентацијата забележа најлош биланс во еден квалификациски циклус во последните 60 години (без победа во евроквалификациите), а мечот со Унгарците во Софија (2-2) се одвиваше во сенка на нереди и тепачки меѓу навивачите и полицијата.

Се вчитува...