Берлускони: Ќе им пратам автобус со проститутки на фудбалерите ако ги победат Милан или Јуве

Силвио Берлускони претседателот на италијанскиот прволигаш Монца на божиќната вечера на клубот дал контроверзно ветување до своите играчи, пренесуваат италијанските медиуми.

Осумедесетишестгодишникот им се обратил на играчите и ги мотивирал со автобус полн со проститутки доколку успеат да слават против некој од великаните во Серија А како Милан и Јувентус…

„Најдовме добар, пријателски расположен тренер способен да ги мотивира нашите момци. На играчите им дадов и дополнителна мотивација, ветувајќи им дека ако ги победиме Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови дека ќе им пратам автобул со проститутки во соблекувалната“, се обратил Берлускони.

Се вчитува...