„Бернабеу“ не го заборави својот херој: Спектакуларен поздрав за Чаби Алонсо

Шпанскиот интернационалец Чаби Алонсо на крајот од сезоната ја завршува својата кариера, а синоќа за последен пат играше на „Сантијаго Бернабеу“, каде мина прекрасни пет сезони, играјќи 154 натпревари во дресот на Реал Мадрид. Иако сега го носи дресот на Баерн Минхен, фановите на Реал Мадрид на спектакуларен начин го поздравија својот поранешен херој.

Реал Мадрид на крајот успеа да победи во битката на европските гиганти и го елиминира Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите, па тоа беше и последен меч на Чаби Алонсо во елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...