Бернардо го сакаат сите, освен Реал Мадрид

Објавата дека Бенардо Силва дефинитивно ќе го напушти Манчестер сити како слободен играч на крајот од сезонава го привлече вниманието на речиси сите европски гиганти, кои не ја кријат желбата да го доведат португалскиот плејмејкер во своите редови.

Силва објави дека нема намера да замине во друг англиски клуб од почит кон Сити, во меѓувреме понуди за негов ангажман испратија Баерн, Барселона и Јувентус, а единствениот тим што јасно стави до знаење дека нема да влегува во трката е – Реал Мадрид.

Португалските медиуми информираа дека Бернардо дури бил и понуден на Реал Мадрид бидејќи имал желба на го облече дресот на најтрофејниот европски клуб. Одговорот бил изненадувачки, „кралевите“ без размислување ја отфрлиле можноста да испратат понуда и да почнат конкретни преговори.

Ставот на Реал е дека летово ќе биде вратен Нико Паз од Комо, кој игра на слична позиција како и Силва, па овој фудбалер ќе добие вистинска шанса за докажување, што би му било оневозможено ако во тимот е и Бернардо.

„Кралевите“ ја затворија вратата, но јасно е дека португалскиот фудбалски генијалец ќе нема проблем да најде ангажман, во некој друг европски гигант.

Се вчитува...