Бесарт Ибраими: Да, дадов четири гола…, но најважно е што сме блиску до следно коло во ЛШ!

Творецот на убедливата победа на Шкендија против велшкиот ТНС, Бесарт Ибраими вели дека и не е толку важно што тој успеа да постигне четири гола за „црвено-црните“ во триумфот од 5-0.

Како што истакнува Ибраими, многу поважно е што македонскиот шампион има предност која треба да обезбеди пласман во следната рунда натпревари од квалификациите во Лигата на шампионите.

„Повеќе од заслужена победа за која сакам да и честитам на целата екипа. Одигравме одличен меч. Овие 5-0 покажуваат дека бевме надмоќни и секако дека треба да бидеме задоволни. Лично, постигнав четири гола, но многу посреќен сум поради убедливиот триумф со кој сме блиску до пласман во следното коло од квалификациите во Лигата на шампионите“ – вели Ибраими, и дополнува:

„Минатата година бевме одличен тандем со Хасани. Сега Буба го нема… Но, јас и сите други се трудиме шкендија и оваа сезона да биде многу силна и во Европа и на домашна сцена“.

Се вчитува...