Бесарт Ибраими: Конечно да постигнеме гол…!

Шкендија минува низ тотално разочарувачко лето. По срамниот настап на европската сцена, актуелниот шампион не успеа да слави и на првиот натпревар од новата сезона во ПМФЛ, ремизирајќи без голови со кавадаречки Тиквеш.

Тетовци цели 450 минути, вкупно пет натпревари ова лето, се без постигнат погодок. Офанзивецот Бесарт Ибраими верува дека е дојдено време, денеска во 2. коло од ПМФЛ против Ренова да се стави крај на таа црна серија.

„Точно е дека на првиот натпревар против Тиквеш не успеавме да победиме, но мислам дека одигравме многу добар натпревар, напаѓачка игра со многу шанси за постигнување гол. За жал, ни недостасуваше реализација, но мислам дека против Ренова ќе ја повториме напаѓачката игра и се надевам дека ќе успееме да постигнеме гол, да освоиме три бода и да уживаме со навивачите во првата победа сезонава“ – вели Ибраими, притоа дополнувајќи:

„Натпреварите со Ренова никогаш не се лесни затоа што се работи за две екипи кои меѓусебно добро се познаваат, но мислам дека имаме подобар тим и ќе успееме да победиме“.

ПМФЛ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

Велес: БОРЕЦ – ТИКВЕШ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20 ч.)

Се вчитува...