Беше еден од најдобрите руски фудбалери, а сега нема пари да плати сметки за струја и вода

Рускиот фудбалер Роман Павличенко некогаш беше најдобриот фудбалер од својата земја, а денеска има големи животни проблеми. 39-годишникот во моментов игра за рускиот третолигаш Знамија Ногинск. Руските медиуми пренесуваат како поради проблем со „коцкање“ Павличенко се наоѓа во тешка финансиска состојба.

Во медиумите се наведува дека е тужен за неплатени сметки за струја и вода, а сето тоа звучи неверојатно ако знаеме дека во кариерата заработи милиони играјќи за Тотенхем, Спартак Москва, Локомотив…

Тажна приказна за еден голем фудбалер, но за жал не е ниту прва ниту последна, бидејќи во спортот сме гледале и слични ситуации. Павличенко настапуваше за репрезентацијата на Русија на 51 натпревар на кои постигна 21 гол.

Се вчитува...