Еден од најдобрите центри во историјата на НБА, Двајт Хауард, продолжува со кариерата во Европа.
Четириесетгодишниот поранешен НБА шампион од следниот месец ќе настапува во Грузија, откако се договори со екипата на Блек Фортрес од Тбилиси.
„Грузијо, пристигнувам! Не во мојата Атланта, туку во Тбилиси“, порача Хауард, кој откри дека и навивачите имале влијание врз неговата одлука.
Хауард е осумкратен Ол-стар, петпати член на најдобрата петорка во НБА и трипати по ред најдобар дефанзивец во лигата. Петпати бил најдобар скокач, двапати лидер во блокади, а во 2008 година го освои и натпреварот во забивање.
По настапите во Орландо, Лејкерс, Хјустон, Атланта, Шарлот, Вашингтон и Филаделфија, Хауард во последните години играше во Азија, а сега за првпат ќе настапува во Европа.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
