Беше шампион со Вардар, а сега нема за леб: Венцо Симоновски четири години живее без струја

Венцислав Симоновски, поранешен фудбалер на Вардар од легендарната шампионска генерација во екс-Југославија, денеска трпи за леб. Сега тој е заборавен од сите и живее тежок живот, осамен, гладен и во мрак во Делчево, се вели во сторијата на телевизија „Стар“.

„Немам никакви приходи. Струјата ми е исклучена, четири години веќе. Вака, без услови, тешко е“, вели Венцислав Симоновски за телевизија „Стар“.

Корка леб и помош Симоновски засега добива само од својата снаа која досега помош за него побарала од сите институции, но не ја добила од никаде

„Бев секаде. од Социјалното ми велат дека не биле надлежни“, истакнува Стојана Симоновска, снаа на Венцислав.

Венцислав Симоновски нема никаков приход. Во животот имал и големи подеми и големи падови. Како фудбалер ги бранел боите на Македонија , сега како немоќен човек самува и гладува заборавен од сите.

„Тој беше легенда, поим за овој град, а сега никој не сака да му помогне, како да не постоел, како ништо да не направил во животот“, додава Стојана.

Ќе се сети ли родното Делчево на некогашната своја гордост Венцислав Симоновски и ќе подаде ли рака за помош, е големо прашање. Некогаш градот се гордеел со овој човек, сега треба да помогне.

Се вчитува...