Бешикташ го донесе четврото засилување од Премиерлигата (ФОТО)

Турскиот гигант Бешикташ се засили со англискиот интернационалец Нејтан Редмонд кој е четврто засилување од Премиерлигата за „црно-белите“ оваа сезона по Деле Али, Роман Саис и Артур Масуаку.

Дваесетиосумгодишниот напаѓач во истанбулскиот тим доаѓа од редовите на Саутемптон чиј дел беше од 2016 година. За „светците“ одигра 195 натпревари, а претходно на „Островот“ ги бранеше боите и на Бирмингхам и Норвич.

Се вчитува...