Бешикташ го „краде“ Арда Туран од Барселона

Арда Туран со сигурно ги напушта редовите на Барселона следниот месец. Иако се најавуваше негово враќање во клубот во кој ја почна кариерата, Галатасарај, сепак пресврт околу неговата иднина.

Туран сега е пред договор со Бешикташ, изненадувањето во годинашната Лига на шампиони.

Бешикташ се вклучи во трката за Туран кој е посакуван и од Арсенал. Шпанските медиуми пренесуваат дека Туран веќе во наредните денови би можел да потпише договор со Бешикташ.

Турскиот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Баерн, а Туран ќе има право за настап затоа што не играше во ова натпреварување оваа сезона.

Само пред еден ден Бешикташ го потврди и трансферот на Домагој Вида од киевски Динамо.

Се вчитува...