Бешикташ не се појави на продолжението од дербито со Фенербахче

Прекинатиот натпревар меѓу истанбулските ривали Фенербахче и Бешикташ заврши со службена победа на Фенербахче бидејќи гостинските фубдалери не се појавија на терен. А, домаќините наместо натпревар, одржаа полесен тренинг.

Натпреварот од полуфиналето во Купот на Турција меѓу Фенербахче и Бешикташ беше прекинат пред 14 дена кога домашните навивачи го погодија тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш во глава, но Фудбалската федерација на Турција реши прекинатиот меч да се доигра.

Меѓутоа, екипата на Бешикташ на доигрувањето не се појави на стадионот. Тие и претходно најавиjа дека после се нема да се појават на терен, па судијата Мете Калкаван означи крај на натпреварот.

Фенербахче така обезбедува пласман во финалето на Купот со службена победа од 3-0.

Се вчитува...