Бешикташ сака да го купи Цеск Фабрегас

Турскиот клуб Бешикташ се подготвува за настап во Лигата на шампионите следната сезона, а раководството има планови за голем трансфер ова лето. Челниците на Бешикташ сакаат да го купат шпанскиот интернационалец Цеск Фабрегас од англискиот премиерлигаш Челси. И подготвени се да платат „солено“, но да го ангажираат Шпанецот во „црно-белиот“ дрес.

Ова е и своевиден одговор на најавата дека Фенербахче почнал преговори со Месут Озил, кој ова лето најверојатно ќе си замине од Арсенал.

За Фабрегас постоеја најави дека би можел да се пресели во италијанскиот калчолигаш Милан, но со оглед дека се одолговлекува продажбата на клубот на кинеските инвеститори, не дојде до таков трансфер. Сега најнова опција за него е преселба во Турција.

Се вчитува...