Бешикташ се откажа, но Рамос и натаму е блиску до Истанбул

Откако Бешикташ и официјално се откажа од услугите на ветеранот Серхио Рамос поради тоа што не можеше да ги исполни неговите финансиски барања, сега во трката се вклучи тимот на Галатасарај, еден од големите ривали на Бешикташ.

37-годишниот стопер е без клуб откако му истече договорот со ПСЖ. Беше поврзуван со трансфер во Саудиска Арабија и во САД, исто така и со враќање во Севилја, но засега останува без клуб.

Сега во трката се вклучува вториот клуб од Истанбул кој значително се засили во овој преоден рок, и го сака и искусниот Шпанец, се со цел најпрво да обезбеди пласман во групната фаза во ЛШ, а потоа во неа да се прикаже во светло издание.

Се вчитува...