Мохамед Салах беше на чекор до потпис со Бешикташ, но турскиот клуб на крајот реши да ги прекине сите преговори откажувајќи го овој мегатрансфер што можеше да ги врати „црно-белите“ во борбата за самиот врв.
Причина – барањата на агентот на Салах да му биде исплатен огромен бонус за самиот потпис на договорот. Бешикташ ги договори личните услови со екс-голгетерот на Ливерпул, беше предвиден и бонус за агентот, но ситуацијата се промени откако менаџерот реши да ја зголеми сумата што ја бара, сега инсистирајќи на над осум милиони евра.
„Ние го дадовме она што сметаме дека е вистински реална понуда. Не сакаме да бидеме манипулирани, го кажавме она што го имавме, понудата што ја дадовме е последна и немаме намера да испраќаме нова. Фактот дека не добивме ниту одговор, иако чекавме такво нешто во рок од 24 часа, е јасен знак дека до договор нема да дојде. Апсолутно го поддржувам нашиот претседател во начинот на кој ги водеше преговорите, но и покажаните принципи, се бараа работи за кои не знаеме ни дали се стопроцентно легални. Бешикташ е сериозен клуб, не се раководиме од популизам и без оглед на тоа колку сакавме Салах да дојде, нема да преминеме преку некои граници за тоа да се случи“, истакна спортскиот директор на „црно-белите“ од Истанбул, Ендер Езент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
