Бесмир Даци потпиша за словачка Нитра (ФОТО)

Младиот македонски фудбалер Бесмир Даци, офанзивен играч за врска, денеска потпиша за словачкиот клуб Нитра.

22-годишниот Даци потекнува од фудбалската школа на Шкупи а играше и за Дукаѓини, Беса и во два наврати за ФК Скопје ,каде остави и најдобар впечаток. На бараж мечот со Брера, Даци беше еден од најдобрите играчи, давајќи придонес за пласманот на Скопје во Првата македонска фудбалска лига.

Од друга страна Нитра е клуб со повеќе од стогодишна традиција во Словачка.Член на клубот,во моментот е и прочуениот Шток, поранешен фудбалер на Фенербахче, Челси, ПАОК, Бурсаспор… Во моментов е во Третата лига на Словачка,но со големи амбиции за Втора, а потоа и Прва лига.

Во клубот, еден од главните луѓе-акционери е Џемаил Шефки, познат бизнисмен од нашите краишта, кој го помага и спортот во овој дел на Словачка.

„На овој мој чекор гледам како на голем предизвик за приближување кон европскиот фудбал, се надевам дека со Нитра веќе по две години ќе играме повторно во Првата словачка лига. Условите кои раководството на клубот ги обезбедува секако го налагаат тоа…” – рече Бесмир Даци по потписот за Нитра.

Се вчитува...