Бесните навивачи на Челси ги „гаѓаа“ играчите со вибратори

Незадоволството на навивачите на Челси достигна кулминација откако „сините“ одиграа нерешено (1-1) во градското дерби со Вест Хем и ја продолжија серијата лоши резултати. Лани Челси беше првак, а оваа сезона е далеку од вистинската форма.

Во сезоната во која ја брани титулата, лондонскиот тим е очаен и многу веројатно ќе остане без настап во Лигата на шампионите.

Навивачите загубија трпение и на дуелот со Вест Хем ги навредуваа играчите и стручниот штаб и по нив фрлаа со вибратори! По натпреварот, камерите снимија вибратор во мрежата на Челси кој под водство на Антонио Конте во последните 11 натпревари освои само 12 бода.

Се поизвесно дека Конте наскоро ќе добие отказ или Роман Абрамович ќе го истрпи до крајот на сезоната, но потоа сигурно ќе има смена на клупата. Според најавите, во Челси треба да пристигне Масимилијано Алегри, иако како опција се споменува и поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике.

Се вчитува...