Бетис и Војдан Стојановски испаднаа од шпанската елита

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски со својот Бетис испадна од Ендеса-лигата, елитното кошаркарско натпреварување во Шпанија. Тимот од Севилја денеска загуби со 98-89 на гостувањето против Уникаха, што и дефинитивно значи преселба во понизок ранг на натпреварување.

Војдан Стојановски беше еден од најзабележителните кошаркари во својот тим, постигнувајќи 14 поени за 28 минути игра. Страхиња Милошевиќ беше поефикасен од него со 22 постигнати поени. Во редовите на Уникаха најефикасен беше Кајл Фог, со 22 поени.

Се вчитува...