Бетис ја „уништи“ Валенсија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бетис вечерва ја совладаа Валенсија на гости со 0-3, во меч од 36. коло од шпанската Примера. Гостите од Севилја првиот гол го постигнаа во 57. минута откако Вилијан Жозе ја затресе мрежата, а потоа Каналес во 87. минута зголеми на 2-0, додека Борха Иглесијас во 90. минута ги постави конечните 0-3.

Бетис на две кола до крајот се наоѓа на петтото место со 61 бод, и ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите. Валенсија е на 10 место со 44 бодови.

Бетис веќе има обезбедено учество во Европа, откако го освои Купот на Шпанија, токму со триумф над Валенсија во финалето после изведувањето на пенали.

Се вчитува...