„Бетонирани“ тренери: Само Тасевски, Симов, Ѓока и Захариевски непроменети сезонава!

Дури 23 тренери, од кои само четворица странци, продефилираа сезонава во македонската Прва лига.

Пред денешниот старт, за поголемиот дел од клубовите, на пролетниот дел од сезоната само четири клуба ќе бидат со истите стратези од почетокот на шампионатот: Шкендија, Македонија ЃП, Струга ТЛ и Силекс. Ернест Ѓока, Жикица Тасевски, Срѓан Захариевски и Горан Симов, и согласно постигнатите резултати со своите тимови, се единствените „бетонирани“ во своите клубови.

Дури осум прволигаши се одлучија на промена на клупата, и тоа меѓу Шкупи, Вардар, Борец, Работнички, Ренова, Пелистер, Академија Пандев и Беласица продефилираа дури 19 имиња. Најголем број тренери, во само шест месеци, дури трипати променија Шкупи и струмичките прволигаши Академија Пандев и Беласица.

СИТЕ ТРЕНЕРИ ВО МАКЕДОНСКАТА ПРВА ЛИГА – СЕЗОНА 2020/2021

ШКЕНДИЈА: Ернест Ѓока (Алб)

ШКУПИ: Муарем Бајрами – Умит Каран (Тур) – Хакан Озан (Тур)

МАКЕДОНИЈА ЃП: Жикица Тасевски

СТРУГА ТЛ: Срѓан Захариевски

ВАРДАР: Александар Васоски – Никола Илиевски Џиџи

БОРЕЦ: Горазд Михаилов – Борче Христов

РАБОТНИЧКИ: Ратко Достаниќ (Срб) – Александар Влахо

СИЛЕКС: Горан Симов

ПЕЛИСТЕР: Зоран Штерјовски – Димитар Капинковски

РЕНОВА: Бујар Ислами – Ќатип Османи

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Александар Таневски – Југослав Тренчовски – Александар Васоски

БЕЛАСИЦА: Ване Милков – Шефки Арифовски – Ѓоре Јовановски

Се вчитува...