Марко Бецеки се зацврсти на врвот на генералниот пласман во Мото ГП откако излезе како победник од денешната трка на патеката „Муџело“ а ГН на Италија, вкупно седма трка од шампионатот во оваа 2026 година.
За Италијанецот ова е прва победа во кариерата на домашната трка во „Муџело“, воедно и прва победа на неговиот тим Априлија на оваа легендарна патека од Мото ГП шампионатот.
За Бецеки ова беше четврта овосезонска победа, со три секунди подобро време во однос на тимскиот колега Хорхе Мартин, а зад тандемот на Априлија третото место му припадна на Франческо Бањаја, кој во фото-финиш беше подобар од Аи Огура.
По најновиот триумф, Бецеки остана на чело на генералниот пласман со 173 освоени бода, 17 повеќе од тимскиот колега Мартин.
Мото ГП шамионатот продолжува веќе следниот викенд, со трката за ГН на Унгарија што ќе се вози на патеката „Балатон парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
