Без фешта и гламур: Кристијано се ожени за Георгина

Кристијано Роналдо од денеска и официјално е во брак со Георгина Родригез, со која е во врска уште од 2017 година. Португалскиот ас ја најави свадбата за летово, медиумите во последните седмици шпекулираа за спектакуларен настан, но се случи токму спротивното.

Кристијано и Георгина стапнаа на „лудиот камен“ на мала и приватна церемонија, на која присутниа беа само најблиските пријатели, како и членовите на потесниот круг од семејствата.

Роналдо и Родригез имаат вкупно пет деца, четири од нив заеднички, близнаците Ева Марија и Матео (по 9 години), и ќерките Алана (8) и Бела (4), како и Кристијано Џуниор (16 години) за која фудбалерот избра сурогат мајка.

Се вчитува...