Без голови на полувреме меѓу Италија и Австрија

Италија и Австрија играат без голови по првото полувреме на вториот осминафинален меч на Европското првенство. Италијанците се подобар противник на мечот кој се игра на „Вембли“, но Австрија иако ја има фаворитската улога одлично се бранеше во првите 45. минути и не му дозволи на фаворитот да стигне до предност.

Марко Арнаутовиќ кој поради навредите кон Езгијан Алиоски на натпреварот против Македонија доби суспензија од еден меч и на овој натпревар продолжи во свој стил откако само уште во 2. минута успеа да влезе во бележникот на главниот судија Ентони Тејлор и да добие жолт картон.

За потсетување во првото осминафинале Данска го декласираше Велс со 4-0.

Се вчитува...