Фудбалерите на Баерн не успеаја да го победат Шалке, ремизирајќи без голови на натпреварот во Гелзенкирхен од Бундеслигата.
Баерн ја имаше иницијативата од самиот почеток и создаде шанси, но Лорис Кариус беше на висина на задачата.
Голманот на Шалке особено се истакна во 13. минута, кога го одбрани обидот на Натан Браун од добра позиција.
Гостите продолжија да напаѓаат, но не можеа да најдат пат до мрежата. Луис Диас имаше одлична можност во 41. минута, но неговиот удар заврши покрај мрежата.
Баерн продолжи да го зголемува притисокот, Хари Кејн имаше добра шанса во 63. минута, но неговиот удар од шеснаесетникот беше одбранет на гол-линијата, додека Конрад Лајмер пропушти можност да им донесе водство на гостите малку подоцна.
На крајот, Баерн продолжи да бара гол. Во 87. минута, Кејн повторно се закани со удар, но Кариус повторно интервенираше брилијантно.
До крајот немаше промена на резултатот, па Баерн мораше да се задоволи со бод по натпревар во кој имаше неколку шанси, но не успеа да го совлада расположениот Кариус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
