Американската тенисерка Коко Гоф без многу проблеми се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на САД. Таа ја елиминираше Турчинката Зејнеп Сонмез со 6-3, 6-4.
Во следната рунда, Коко ќе игра со победничкта од дуелот меѓу Дарија Касаткинаа и Паула Бадоса.
Мира Андреева исто така беше успешна, победувајќи ја Џенис Тјен со 6-2, 6-2 и сега ја чека Ева Лис.
На сличен начин, Елена Рибакина ја елиминираше 585-тата во светот, Теа Фродин, со 6-3, 6-2.
За разлика од нив, Марија Сакари мораше со пресврт да ја победи Робин Монтгомери со 2-6, 7-5, 6-2.
This court coverage from Coco 🏃♀️🏃♀️ pic.twitter.com/DXzxLXUTzh
— US Open Tennis (@usopen) September 2, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
