Без Македонец во ЛШ, Серафимов со Левски во Лига Европа и уште седум македонски фудбалери во Конференциската лига!

Македонија откако остана без ниту еден свој фудбалер со европски клуб во групната фаза од Лигата на шампионите, по вчерашните плеј-оф натпревари веќе е познато дека ќе има само еден претставник во Лигата на Европа и седум фудбалери во Конференциската лига на УЕФА.

Единствен македонски фудбалер во Лигата на Европа ќе биде репрезентативецот Никола Серафимов со бугарски Левски.

Во Конференциската лига на УЕФА ќе има седум македонски фудбалери.

Елиф Елмас со италијанска Аталанта ќе биде во групната фаза од третото по квалитет европско клупско натпреварување, исто како и Езгијан Алиоски со швајцарски Лугано, Елмин Растодер со грчки Панатинаикос, Висар Муслиу со белгиски Сент Труден, Матеј Гаштаров со белградска Црвена Звезда, како и репрезентативците Себастијан Херера и Дамјан Шишковски со Борац од Бања Лука.

Се вчитува...