Без манири на спортска коректност: Французите неконтролирано без милост го победија Гибралтар со 14-0! (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар во Ница во квалификациите за ЕП 2024. Франција, која од претходно веќе си имаше обезбедено настап на Европското првенство следната година, неконтролирано без манири на спортска коректност го победија Гибралтар со 14-0 во седмиот свој натпревар од Групата Б.

Уште во првите 15 минути Франција дојде до предност од 3-0 со автоголот на Сантош, како и погодоците на Турам и Заире-Емери, за да потоа им се отвори патот кон голеадата откако Гибралтар остана и со фудбалер помалку по исклучувањето на Сантош во 18. минута.

Па, во продолжението стрелаа уште Килјан Мбапе трипати, а два гола постигнаa Жиру и Коман и по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Клаус, Фофана и Дембеле.


Се вчитува...