Без многу возбудувања, без голови по првото полувреме на „Филип Втори“ (ФОТО)

Во натпревар без многу возбудувања Шкендија и Салцбург играат без голови по првите 45 минути на реванш пресметката од 3. квалификациско коло за ЛШ на „Филип Втори“.

По оние убедливи 3-0 од првиот меч, Австријците сосема очекува играат се чини рутински натпревар. Шкендија е поактивна во првиот дел но само со две можности за загрозување на противничкиот гол од кои вреди да се издвои обидот на Бесарт Ибраими директно од слободен удар од околу 25 метри во 39. минута.

Фудбалерите на Шкендија очигледно демонстрираат силна желба за триумф против Салцбург без разлика дали тој би донел пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за ЛШ.

Се вчитува...