Без Муслиу на следниот натпревар во октомври против Лихтенштајн

Македонската селекција ќе биде без стандардниот дефанзивец Висар Муслиу на следниот натпревар од квалификациите за СП 2022 против Лихтенштајн на гостински терен.

Муслиу заработи жолт картон на денешниот дуел против Романија во Скопје поради што ќе мора да паузира на следниот натпревар.

Македонија на Лихтенштајн гостува на 8. октомври, а веднаш потоа ја пречекува Германија во Скопје.

Се вчитува...