Без победник дербито меѓу Севилја и Бетис

Фудбалерите на Севилја и Реал Бетис одиграа без победник 0-0 во градското дерби како крај за денешната програма во 35. коло во шпанската Ла лига.

Очекувано тврд натпревар како секогаш во дерби дуелите на Андалузија без многу шанси, па на крајот почетните 0-0 беа и најреален исход. За издвојување е само црвениот картон кој фудбалерот на Бетис, Миранда го доби во 87. минута.

Бетис со ова реми ги загуби шансите за Лигата на шампионите следната сезона, додека Севилја својот излез во Европа ќе го бара преку Лигата на Европа каде во финалето игра против Рома.

 

Се вчитува...