Без победник градското дерби меѓу Бетис и Севилја (ВИДЕО)

Градското дерби меѓу Реал Бетис и Севилја заврши без победник 1-1. Домаќините можат да жалат што останаа без полн плен бидејќи покрај тоа што беа подобар противник во 75. минута не успеаја да реализираат пенал, откако голманот на Севилја Боно го спречи ударот на Набил Фекир.

Претходно, домаќините поведоа со голот на Сусо во 48. минута, додека само три минути подоцна Бетис успеа да израмни преку Каналес од пенал. Севилја останува на петтата позиција на првенствената табела со 27 бода, додека Бетис сега е 9. со 20 бода.

 

 

Се вчитува...