Беѕеки до победа на спринтот во Австралија

Возачот на Априлија, Марко Беѕеки е победник на спринт трката за големата награда на Австралија која се вози на островот Филип. Беѕеки откако стартуваше втор зад Фабио Квартараро одвезе одлична трка по која стигна убедливо до триумфот.

Второто место му припадна на Раул Фернандез на Трекхаус рејсинг, додека подиумот го надополни Педро Акоста на КТМ. Квартараро кој стартуваше како прв заврши само седми, додека Алекс Маркез заврши позиција погоре.

Франческо Бањаја имаше нова катастрофална трка, откако го освои 19 место со преку половина минута заостанување зад победникот. За потсетување новиот шампион Марк Маркез поради операција го пропушта овој викенд во Мото ГП шампионатот.

Се вчитува...