Безобразен „бизнис“: Фудбалери на Србија им поклониле дресови на дечиња од трибините, а нивните родители ги продале за 1.000 евра

Фудбалерите на Србија ја совладаа Шведска со 4-1 во петтото коло од Лигата на нации, а потоа им поделија дресови на децата кои беа на трибините. Не поминало долго од детската радост, а родителите веќе решиле да заработат од нив.

Така, дресот на Иван Илиќ моментално се продава за 1.000 евра на една од најголемите интернет страници за таа намена во Србија.

„Неносен дресот на Иван Илиќ од натпреварот Србија-Шведска“, стои во описот на огласот, а профилот е направен исклучиво за продажба на овој дрес.

И додека најмалите сигурно не барале дресови за да заработат, очигледно семејствата имале други идеи. Многумина се воодушевија кога видоа како српските асови се приближуваат и ги фрлаат сите дресови кон најмалите, но набрзо некои други успеаја да разочарат. Дресот на Саша Лукиќ е проценет на 350 евра.

„По дресот на Саша Лукиќ од натпреварот Србија-Шведска стои напис дека дресот има оштетувања од играта, но освен тоа е во одлична состојба“, стои на објавата.

Се вчитува...