БИБЛ: Кожув ја декласира Сутјеска

Кошаркарите на Кожув ја остварија втората победа во БИБЛ – лигата, совладувајќи ја Сутјеска на домашен терен со убедливи 94-65. Избраниците на Игор Михајловски беа доминантни во текот на целиот меч и заслужено стигнаа до триумфот. Првата четвртина ја добија со шест поени разлика, а на полувремето веќе имаа двоцифрена разлика (53-35).

Во третиот период и дефинитивно го разбија противникот добивајќи го со 27-8, а на Сутјеска и остана барем малку да го намали убедливиот пораз до крајот на мечот.

Кенјон Мекнил со 24 поени беше најефикасен во таборот на Кожув, а Миливоје Мијовиќ уфрли 17 поени. Кај гостите, Ѓоко Шалиќ беше најпрецизен со 25 поени.

Се вчитува...