БИБЛ-лигата со специјално признание за Милојевиќ

Успешниот македонски кошаркарски судија, Александар Милојевиќ, денеска на фајналфор турнирот од БИБЛ-лигата го отсуде својот последен меч во кариерата. Тој беше задолжен за делење на правдата на финалето на БИБЛ меѓу Хапоел Холон и Академик Пловдив и одлично си ја заврши работата, а пред почетокот на средбата Милојевиќ доби и специјално признание од првиот човек на регионалното натпреварување, Шај Стрикс.

Зад Милојевиќ е респектабилна судиска кариера. Своето име во Европа го градеше, меѓудругото, и со судење на два финални турнири на ФИБА, четири учества на ФИБА Евробаскет, три финални „четворки“ на Балканската лига. Финалето на БИБЛ лигата, кое вечерва се одржа во Холон, а се сретнаа домаќинот на турнирот Хапоел Холон и бугарскиот Академик од Пловдив, беше и последен натпревар во неговата кариера како активен судија на теренот. Од БИБЛ му посакаа многу среќа и се најдобро во неговите идни активности во кошаркарскиот свет.

Александар Милојевиќ од неодамна беше именуван за нов Комесар за натпреварување при КФСМ.

Се вчитува...