Биелса ja шокираше Англија: Ги шпионирам сите противници на последниот тренинг

Марсело Биелса ја шокираше британската спортска јавност откако денеска обелодени дека шпионирањето на противниците во пресрет на дуелите со Лидс била нормална работа што тој редовно ја практикувал. Скандалот почна откако Френк Лампард и Дерби повикаа полиција забележувајќи лице кое не било од клубот и недозволено го следело тренингот на „овните“ пред мечот со Лидс.

Биелса откри дека тоа лице го следело тренингот по негова лична наредба, веднаш потоа слeдеа бурни критики од бројни фудбалски личности ширум Англија, за Аргентинецот денеска на прес-конференција уште повеќе да ја шокира јавноста.

„Гледам дека се крена голема прашина околу следењето на тренинзите на противниците, поточно на тренингот пред дуелот со Дерби. Сега јавно изјавувам дека тоа е наша пракса, нешто што го правиме буквално пред секој натпревар, наоѓајќи начин да го погледнеме последниот тренинг на противниците пред да играат со нас. Некогаш тие информации ни се корисни, некогаш не се, но јас како тренер настојувам да одработиме најдобро што знаеме, да собереме што повеќе детали од играта на противникот. Можеби за многумина од вас тоа не е коректно, го нарушува фер-плејот, но во она што го правам нема ништо незаконско. Ако биде почната истрага јас целосно ќе соработувам и ќе докажам дека го немам прекршено законот. Токму затоа, не можам да ветам ниту дека ќе престанам да го правам тоа во иднина“ – истакна тренерот на нашиот Алиоски во Лидс.

Се вчитува...