Биелса „контра“ критичарите: Многу ми се допаѓа Алиоски

Езгијан Алиоски се наоѓа „на пик“ на навивачите на Лидс, кои веќе подолго време бараат од стратегот Марсело Биелса македонскиот репрезентативец да го загуби статусот на првотимец. Ваквите коментари станаа уште погласни по смешниот обид да се одлуми пенал на претходниот меч, но аргентинскиот стратег јасно стави до знаење дека има апсолутна доверба во нашиот интернационалец.

„Ова е спорт и во даден момент секој може да се обиде да стори нешто нечесно за да дојде до резултат. Не велам дека е во ред, но сите што се во спортот ќе се согласат дека во одредена ситуација би направиле нешто што не е во нивниот вообичаен карактер. Тоа што се обидел да изглуми пенал не значи дека не е морален како човек. Јас сум тука да разговарам со нив, да им укажам на грешките, но не можам децидно да им забранам бидејќи тоа е нешто што се случува инстинктивно, во дел од секундата. Или накратко кажано – Нема да го критикувам Алиоски бидејќи многу ми се допаѓа“ – истакна Биелса.

Лидс во следното коло од Чемпионшип-дивизијата го очекува тежок дуел против Шефилд јунајтед, натпревар на кој се очекува Алиоски да го задржи првотимскиот статус.

Се вчитува...