Неславна партија зад себе остави македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски на синоќешниот натпревар на Лидс против Ридинг во Чемпионшип-лигата во Англија.
Пред крајот на првото полувреме Алиоски се обиде да изнуди пенал за својот тим, но неговата очигледно симулација наиде само на потсмев во англиската фудбалска јавност…
Ffs Alioski Whyyyyyy #LUFC #MOT pic.twitter.com/NTCDLpkghL
— LUFC Goals (@LUFC_Goals) November 27, 2018
„Најлошата симулација на пенал засега оваа сезона“ – се дел од коментарите испратени покрај видеото со обидот на македонскиот репрезентативец да изглуми пенал.
Алиоски за таа своја постапка заработи жолт картон, а на полувремето и беше заменет од Биелса. Лидс, со гол постигнат во вториот дел, стигна до триумфот од 1-0 против Ридинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА