Искусниот аргентински тренер Марсело Биелса, е многу блиску да се врати како тренер на Атлетик Билбао, пренесуваат италијансктие и шпанските медиуми.
Познатиот стручњак беше тренер на оваа екипа од 2011 до 2013 година, и беше творец на една од најдобрите сезони на тимот на Билбао. Тој го однесе тимот до финале во Лигата на Европа, и беше поразен од Атлетико Мадрид со 3-0, додека загуби и во финалето на Купот од Барселона.
Билбао на 24. јули го очекуваат претседателски избори, и од тоа ќе зависи дали Биелса ќе се врати на клупата. Биелса е без работа од февруари, откако доби отказ од Лидс после серијата на лоши резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА