БИХ доби нов селектор

Фудбалскиот сојуз на БИХ го именуваше Мехо Кодро за нов селектор на „А“ репрезентацијата. Кодро на клупата го замени Фарук Хаџибегиќ, кој после поразот од Луксембург на домашен терен, доби отказ од клупата.

БИХ со тој пораз се оддалечи од пласманот на ЕУРО 2024 година во Германија, а од фудбалскиот сојуз сметаа дека е време за промени.

„Нашата голема цел е пласман на ЕП 2024 година, и сакаме на играчите да им ја вратиме самодовербата за кое имам чувство дека  е разнишано, и да ја вратиме довербата на јавноста. Мислам дека тие работи може да одат паралелно и ќе сториме се да ја оствариме целта“, рече Кодро.

Се вчитува...